Хаос во Серија А: Навивачите на Специја и Наполи се тепаа на трибините

Натпреварот помеѓу Специја и Наполи од 38. коло во Серија А забележа прекин во 20. минута за кој се погрижија навивачите на двата тима. Имено, зад гостинскиот гол дојде до голема тепачка помеѓу навивачите на Специја и Наполи по што натпреварот беше прекинат десетина минути.

Навивачите се гаѓаа со факели, столици и разни други предмети, по што домашните навивачи ја пробија вратата на трибините и се обидоа преку теренот да дојдат до гостите. Навремената интервенција на полицијата спречи голем инцидент, а двата тима се обидуваа да ги смират страстите на своите најверни навивачи.

Се вчитува...