Возачот на БК8 Гресини Рејсинг, Шпанецот Алекс Маркез, е победник на денешната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Шпанија на патеката Херез.
Алекс Маркез ја оствари својата прва победа во сезоната со време од 40:48,86. Денес го постигна четвртиот триумф во својата кариера во „кралската класа“.
Второто место на Големата награда на Шпанија го освои италијанскиот возач на Априља, Марко Беки, кој заостануваше 1,903 секунди зад победникот.
Трет беше Италијанецот од Ендуро ВР46, Фабио ди Џанантонио, со заостанување од 5,796 секунди зад Маркез.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, возачот на Дукати од Шпанија, Марк Маркез, излета од патеката во вториот круг и се откажа од трката.
💥 La caída de Marc Márquez que le ha dejado fuera en el inicio de la carrera de MotoGP #MotoGP #SpanishGP 🇪🇸
pic.twitter.com/a9sbFeNQOu— Speed Sector (@SpeedSectorF1) April 26, 2026
Првото место во вкупниот пласман на возачи го држи Бечеки со 101 бод, додека Шпанецот Хорхе Мартин од Априлија е втор со 90.
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 10 мај за Големата награда на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

