Хаотични сцени на стадионот во Истанбул на кој играше Македонија (ВИДЕО)

Во Истанбул се случуваат големи немири. Дојде до конфликт меѓу полицијата и навивачите на полскиот Горник, кои пристигнаа за натпреварот од второто прелиминарно коло од Лигата на шампионите против Фенербахче.

Сцените од трибините се навистина брутални. Очигледно е дека полицијата нема милост кон Полјаците, но според првите информации, гостинските навивачи го извршиле првиот напад.

Епилогот на крај е неколку уапсени навивачи на полскиот тим. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, со оглед на репутацијата на полските и на турските навивачи во УЕФА.
На овој стадион пред два месеци играше и македонската репрезентација против Турција.

Се вчитува...