Хапоел Тел Авив тргна во офанзива за потписот на Џордан Нвора, по одличната сезона што американскиот кошаркар ја имаше во дресот на Црвена Звезда.
Израелците подготвија мегадоговор на три години за крилниот кошаркар, кого тренерот Итудис го гледа како „алката што недостига“ во неговиот тим. Проблем е што Нвора има уште една година од договорот со белградските „црвено-бели“, поради што Хапоел веќе испрати и понуда – еден милион долари за да добие зелено светло да го доведе поранешниот играч на Ефес во своите редови.
Сепак, експресно стигна одговорот од првиот човек на „црвено-белите“, Жељко Дрчелиќ, кој јасно стави до знаење дека ќе игра Нвора следната сезона.
„Не е само Хапоел, многу клубови се јавија да прашаат. Сумата што ја нудат воопшто не е важна, затоа што Нвора не е за продажба“, изјави Дрчелиќ за „Меридијан спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
