Харден блесна во новогодишната ноќ

Во првите мигови од 2017 година, Џејмс Харден потсети на своите најдобри моменти и ја потврди врвната класа. Тој постигна 53 поени, имаше 16 скокови и 17 асистенции во триумфот на неговиот тим Хјустон рокетс над Њујорк никс со 129-122. Тој е првиот играч во НБА – лигата кој успеа да оствари трипл дабл со барем 50 поени, 15 скокови и 15 асистенции.

Харден одлично го следеа Андерсон со 25 поени и Гордон со 15. На другата страна, Џенингс се истакна со 32 поени, пет скока и седум асистенции.

Резултати НБА: Шарлот – Кливленд 109-121, Чикаго – Милвоки 96-116, Хјустон – Њујорк 129-122, Оклахома – ЛА клиперс 114-88, Јута – Феникс 91-86.

Се вчитува...