Харден е незапирлив – 30 меча по ред со над 30 поени

Џејмс Харден ја продолжи својата извонредна серија и на дуелот против Далас, на кој асот на Хјустон ги предводеше „ракетите“ до победа од 120-104. Хјустон ги загуби првите два меча сезонава против Далас, што беше само мотив повеќе за Харден и соиграчите да го запрат Лука Дончиќ и да стигнат до победата. „Брадата“ го заврши натпреварот со 31 поен, врзувајќи 30 меча во низа на кои овој олстар-играч постигна над 30 поени за Хјустон.

Пол Џорџ одигра неверојатен натпревар за Оклахома сити против Портланд, носејќи му ја победата на својот тим со импресивен трипл-дабл од 47 поени, 12 скока и 10 асистенции. Покрај Џорџ, трипл-дабл на овој натпревар оствари и Расел Вестбрук, кој реализираше 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

Торонто во драматичен финиш го совлада Бруклин со 127-125, со победничките поени што на 4,4 секунди до крајот ги постигна Ленард, кој го заврши мечот со 30 постигнати поени.

Резултати НБА:

Кливленд – Њујорк 107-104, Детроит – Вашингтон 121-112, Индијана – Шарлот 99-90, Торонто – Бруклин 127-125, Чикаго – Милвоки 99-112, Хјустон – Далас 120-104, Минесота – ЛА клиперс 130-120, Оклахома сити – Портланд 120-111, Денвер – Мајами 103-87.

Се вчитува...