Харден и Вестбрук не можат со Леброн, Хрватот подобар во „битката на Богдановиќ“ (ВИДЕО)

Во дербито на вечерта во НБА лигата, ЛА Лејкерс со 124-115 славеа против Хјустон на гостински терен. Леброн Џејмс постигна 31 поен, дополнети и со 12 скока, а на спротивната страна не помогнаа ниту Вестбрук со 35 поени и 9 скока и Харден со 34 поени.

Покрај Џејмс, кај Лејкерс одличен беше и Кузма со 23 поени, додека по 20 поени постигнаа Грин и Колдвел-Поуп.

Милвоки без проблеми славеше на гостувањето против Бруклин со 97-117. Адедукомбо беше незадржлив со 29 поени и 12 скока, а му помогна и Мидлтон со 20 поени.

Бостон на домашен терен загуби од Феникс со 119-123. За домашните беше кобен Девин Букер со 39 поени и 10 скока, а една асистенција му недостасуваше за „трипл-дабл“.

Дерик Роуз продолжи со добрите игри, постигнувајќи 27 поени во победата на Детроит од 136-103 против Атланта. Симонс, пак, со 21 поен, седум скока и осум асистенции беше најдобар во победата на Филаделфија во Њујорк од 90-87, додека Чикаго на крилјата на ЛаВајн со 42 поени го победија Кливленд со 118-116.

Бојан Богдановиќ со 30 поени донесе победа за Јута над Сакраменто од 123-110. Одлични беа и Гоберт со 28 поени и 15 скока и Мичел со 22 поени. Фокс постигна 22 поени кај гостите, а српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ заврши со11 поени. Оклахома беше подобра од Портланд со 119-1106, во мечот во кој Пол постигна 30 поен, додека кај гостите Лилард запиша 34 поени а Трент – 30 поени.

Се вчитува...