Харден сака во „дрим тимот“ на Мундобаскетот во Кина

Првата ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден потврди дека ќе игра за репрезентацијата на Соединетите Американски Држави на Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Кина, доколку селекторот Грег Поповиќ е заинтересиран за неговите услуги. Поповиќ ќе биде на „слатки маки“ да ги избере дванаесетмината кои ќе бидат дел од „дрим тимот“, а за очкување е голем дел од НБА ѕвездите да го откажат настапот на „Мундобаскетот“, поради тешката сезона во најсилната лига во Светот.

Сепак, Џејмс Харден смета дека настапот за репрезентацијата на САД е најголема чест што може да ја добие еден кошаркар, и токму поради тоа подготвен  е да се појави во ростерот на тимот.

„Секако дека сакам да играм за САД. Тоа е прилика во најдобро светло да ја претставувате својата земја и да се забавувате играјќи кошарка. Не ја добиваат сите оваа шанса и ова е едно од најголемите признанија кои можете да ги добиете во кошарката“, беше искрен Харден. 

Феноменалниот бек на Хјустон игра МВП сезона, каде просечно бележи по 35,9 поени со што е водечки во НБА лигата.

Се вчитува...