Харден: Коби, Џордан, Вејд… Сакам да бидам дел од таа група

Првата ѕвезда на Хјустон рокетс, Џејмс Харден изјави дека има уште многу работи кои треба да ги направи во кариерата, а на крајот сака да влезе во групата на Коби, Џордан, Вејд и останатите легенди на спортот.

„Уште немам постигнато ниту половина од тоа што го посакувам. Сакам да бидам повеќекратен шампион. Сакам да бидам еден од оние кошаркари кои ќе останат запаметени. Секако, сите се сеќаваме на момците како Коби, Џордан, Вејд… Сакам и јас да бидам дел од таа листа, да бидам еден од најдобрите бекови во историјата на кошарката“, изјави Харден. 

Рокетс минатата сезона остварија 53 победи во регуларниот дел, а во плеј-офот во втората рунда загубија од Голден Стејт Вориорс.

Се вчитува...