Харден му одржа лекција на Бруклин, ЛА Лејкерс славеа во Портланд

Хјустон славеше во „Тојота центарот“ во Хјустон со 108-98 против Бруклин во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.

Извонредна партија демонстрираше Џејмс Харден, кој постигна 44 поени со 10 скока и шест асистенции, а му помогна и Вестбрук со 23 поени, девет скока и седум асистенции.

Торонто славеше во Бостон со 97-113, а прво име на дуелот беше Кајл Ловри со 30 поени, додека Ибака постигна 20 поени дополнети и со 10 скока. Кајли Вокер кај Бостон запиша 30 поени.

Сан Антонио на домашен терен победи против Детроит со 136-109, со 29 поени на ДеРозан и 25 поени на Олдриџ, покра 12 скока. ЛА Клиперс неочекувано загуби на домашен терен од Јута со 107-120, додека ЛА Лејкерс славеа во Портланд со 120-128. Кузма ги предводеше гостите со 24 поени, Леброн Џејмс постигна 21 поен и дури 16 асистенции, додека Ентони Дејвис дополни со 20 поени.

Од останатите резултати, Њу Орлеанс ја победи Индијана со 120-98, Мајами по продолжение ја победи Филаделфија со 117-116, Кливленд во Минесота славеше со 88-94, додека Њујорк во Вашингтон победи со 100-107.

Одличен синоќа беше и Букер кој постигна 32 поени во победата на Феникс против Сакраменто од 110-112, додека Милвоки со 111-100 го победи Орландо.

Се вчитува...