Џејмс Харден уште еднаш покажува зошто е главен фаворит за МВП-признанието сезонава, по новата фантастична партија што асот на Хјустон ја имаше на дуелот со Сакраменто. Харден го заврши натпреварот со 50 поени, 11 скокови и 10 асистенции, предводејќи го Хјустон до победа од 119-108. Тој ја презеде одговорноста во финишот, постигна десет поени во низа за „ракетите“ и не му дозволи на Сакраменто изненадување, воедно елиминирајќи ги „кралевите“ од трката за место во плејофот.
Ова беше петти натпревар на кој Харден стигнува до трипл-дабл со 50 постигнати поени, категорија во која тој е најдобар во историјата на НБА-лигата. Ова беше негов 18. меч со најмалку 50 постигнати поени, со што е на делба на четвртото место во НБА-историјата.
Јасно беше дека Портланд ќе има проблеми по повредата на Нуркиќ, а Детроит знаеше како да го искористи тоа и славеше со 99-90. Во главна улога беше Драмонд, кој го искористи отсуството на босанскиот центар и доминираше во рекетот, реализирајќи дабл-дабл од 22 поени и 19 скокови, надополнети со четири блокади.
Резултати НБА:
Бруклин – Бостон 110-96, Хјустон – Сакраменто 119-108, Детроит – Портланд 99-90, Индијана – Орландо 116-121, Њујорк – Мајами 92-100, Чикаго – Торонто 101-124, Минесота – Филаделфија 109-118, Феникс – Мемфис 115-120.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА