Харден останува во Кливленд: Добива 97 милиони долари за НБА историја!

Џејмс Харден се согласи на нов тригодишен договор со Кливленд вреден 97 милиони долари, па ќе се обиде да ја нападне титулата во НБА со франшизата од Охајо во наредните сезони.

Според информациите од Шамс Чаранија, договорот вклучува опција за играч за сезоната 2028/29, како и бонус во случај на размена.

Новиот договор ќе му донесе и историско достигнување на Харден. Вкупната заработка за време на неговата НБА кариера ќе достигне дури 511 милиони долари, што го прави само четвртиот играч кој ја пробил границата од половина милијарда.

Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Стеф Кари го направија тоа пред него.

Харден полни 37 години на 26 август и ќе стане само вториот кошаркар во историјата на НБА кој потпишал договор со повеќе од 90 милиони долари загарантирани на возраст од најмалку 37 години. Единствениот пред него беше Леброн.

Кавалирс го добија Харден од ЛА Клиперс во февруари во размена за Дариус Гарланд, а неговото доаѓање веднаш се исплатеше. Кливленд постигна резултат од 21-9 со него во финалето на регуларната сезона, а потоа стигна до финалето на Источната конференција за прв пат од 2018 година.

По паузата за Ол-стар натпреварите, Харден имаше просек од 20,5 поени, 7,7 асистенции и 4,8 скока, додека во 18 натпревари од плејофот имаше 19,2 поени, 5,5 асистенции и 5,1 скока.

Кливленд ќе влезе во новата сезона со стартната петорка составена од Харден, Донован Мичел, Пејтон Вотсон, Еван Мобли и Џарет Ален.

Се вчитува...