Харден повторно е на 40 плус, Оклахома конечно победи (ВИДЕО)

Хјустон ја оствари петтата последовна победа триумфирајќи во дуелот со Бостон со 115-104, а повторно за успехот беше најзаслужен Џејмс Харден. Тој постигна 42 поени, а имаше 18 обиди за три поени, реализираше шест. Покрај Харден и Ерик Гордон имаше одлична партија со 32 поени. Кај Бостон , Кајри Ирвинг беше прв стрелец со 24 поени.

Со овој триумф, Хјустон дојде до биланс од 38-25 и е петтопласиран на Запад. За Бостон ова беше дури петти пораз на последните шест средби, има ефект од 38/26 што е доволно за петтата позиција во Источната конференција.

По четири последовни порази, Оклахома извлече триумф на домашен терен против Мемфис со 99-95. Предводена од Расел Вестбрук и од Денис Шрудер во клучните моменти, Оклахома направи пресврт во завршницата и со серија од 14-2 дојде до победата. Вестбрук средбата ја заврши со 22 поени. Оклахома и покрај лошиот период е третопласирана на Запад, Мемфис е претпоследен во конференцијата.

Детроит по продолженија славеше 112-107 на домашен терен над второпласираниот тим од Источната конференција, Торонто. Блејк Грифин со 27 поени го предводеше Детроит до 31 сезонска победа по што „пистонс“ дојдоа до половичен биланс, имаат и 31 пораз и се шестопласирани на Исток каде што Торонто е сигурен на втората позиција со биланс од 46/18.

Се вчитува...