Харден: Сите зборуваат за Јанис, а јас сум тој што направи легендарни нешта изминатава сезона

Џејмс Харден никако не може да се помири со резултатите од гласањето за МВП на минатогодишната НБА сезона.

Во интервју за американските медиуми Харден коментираше дека тој повеќе го заслужил МВП признанието од Јанис Антедукомбо.

„Не може да ми кажете дека човекот чиј тим во еден момент беше на 14-та позиција во лигата, а на крајот заврши како четврти, човекот кој во 32 едноподруго натпревари постигнуваше 30 и повеќе поени, човекот кој имаше осум натпревари со 50 и повеќе поени и два меча со 60 поени не е МВП? И после нешто такво сите се уште зборуваат за Јанис? Да, точно е дека момчето имаше одлична сезона како и неговиот тим но нештата кои јас ги направив се легендарни. Кога ќе се вратите назад 15 години и видете што се сум направил мора да се запрашате дали тоа навистина се случило. Но, нема врска. Јас сум среќен а сега пред нас е целта за освојување на новото првенство“ – вели и премногу самоуверено Џејмс Харден.

Се вчитува...