Џејмс Харден не престанува со „војната“ со Јанис Адетокумбо, што почна откако грчкиот ас го избра Кемба Вокер пред „брадата“ во во изборот на екипите за олстар-викендот. Харден веднаш стави до знаење дека е разочаран од изборот на „ѕвездата“ на Милвоки, а денеска во изјава отворено го критикуваше стилот на игра на Адетокумбо.
„Секој може да е висок 213 сантиметри и само да забива. Тоа не е кошарка, тука нема вештина за нашиот спорт. Она што го сакам е да играм, секој ден да учам, да напредувам. Секогаш би го избрал ова моето пред константното забивање“, истакна Харден.
Знаејќи го егото на кошаркарските суперѕвезди, ова сигурно нема да биде последна епизода во конфликтот меѓу Харден и Адетокумбо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА