Хари Кејн го оддува ВБА (ВИДЕО)

Тотенхем ја оствари седмата последователна победа во Премиер – лигата, совладувајќи го убедливо Вест Бромвич Албион со 4-0 на домашен терен. Хари Кејн беше творецот на триумфот на „спарси“, постигна хет – трик и речиси самиот го декласираше противникот.

Кејн го отвори резултатот во 12.минута, а потоа Мекоули си постигна автогол зголемувајќи ја предноста на Тотенхем на 2-0.

Во вториот дел, Хари Кејн постигна уште два гола, заверувајќи го убедливиот триумф на тимот на Покетино. Тотенхем по оваа победа се искачи на втората позиција на табелата со 45 освоени бода, четири помалку од лидерот Челси, кој вечерва му гостува на Лестер.

All Goals & highlights -Tottenham 4-0 West Brom… by 87taras

Се вчитува...