Баерн Минхен го освои Купот на Германија по 21-ви пат во историјата на клубот. Тие го победија Штутгарт со 3-0 испишувајќи нови страници во богатата историја, воодушевувајќи ги навивачите низ целиот свет.
Херој на овој триумф не беше никој друг освен англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој постигна хет-трик.
Откако првото полувреме заврши без голови, Кејн презеде се во свои раце. Стрелаше во 55. минута постигнувајќи го водечкиот гол, а потоа погоди и во 81. минута за 2-0.
Сепак, тоа не беше сè.
Судијата одлучи да го продолжи натпреварот за неверојатни седум минути, а Баерн го искористи тоа максимално. Добија и пенал. Кејн ја презеде контролата и постигна хет-трик за да го овековечи овој момент.
🚨 Harry Kane has hat-trick!
🇩🇪 Bayern Munchen 3-0 Stuttgartpic.twitter.com/qwHJumC6gA
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 23, 2026
Сето тоа и за спектакуларна „фешта“ на навивачите на Баерн, глетка која ретко се гледа на фудбалските терени.
— Bayern Focus (@FCBayernFocus) May 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
