Хари Кејн од 230 милиони евра! Флорентино Перез ќе го урива рекордот на ПСЖ и Нејмар

Актуелниот европски првак Реал Мадрид има очајна сезона во Ла Лига, а тоа го запали алармот кај раководството на клубот. Очигледно е дека на „кралскиот клуб“ му се потребни нови квалитетни засилувања, и се чини дека претседателот Флорентино Перез ги презеде работите во свои раце. Тој подготвува нов спектакуларен трансфер на лето, а на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне напаѓачот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Хари Кејн.

Перез планира да испрати понуда вредна 230 милиони евра за одличниот голгетер и да го урне рекордот на Пари Сен Жермен, кој за Бразилецот Нејмар на Барселона и исплати 222 милиони евра. Хари Кејн исто така би добил фантастични услови за да го облече дресот на Реал Мадрид, а суперагентот Жорге Мендеш ќе се обиде во пакет во Мадрид да го доведе и Деле Али.

Се вчитува...