Хари Кејн се поблиску до Баерн Минхен

Се поизвесно е дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем, а како потенцијална следна дестинација се споменува Баерн Минхен.

Тој нема намера да го продолжи договорот со премиерлигашот кој истекува за една година, па ни Даниел Леви не може да прави големи проблеми. Сопственикот на Тотенхем сака да заработи 100 милиони евра од најдобриот стрелец, но, нема да биде лесно.

Баерн Минхен изгледа е најзаинтересиран за доведување на Кејн. Очигледно, самиот Кејн нема ништо против оваа опција и е подготвен да се пресели во Баварија.

Сепак, во Минхен не се расположени да му дадат деветцифрена отштета на Тотенхем. Но, тие не се единствените засегнати страни. Се споменува и Реал Мадрид, а Флорентино Перез не е некој што има проблем да плати доколку сака некој фудбалер да се приклучи на „кралевите“.

Се вчитува...