Хартс тргнува по Бојан Миовски

Бојан Миовски се наоѓа на излезна врата од Глазгов Ренџерс откако шкотскиот гигант пред неколку дена го ангажираше капитенот на Хартс, Лоренс Шенкленд, за свој прв напаѓач за наредната сезона.

Ренџерси во своите редови го имаат и Шермити кој играше во одлична форма во последните месеци, како и Рајан Надери, кој дојде на почетокот на годинава на барање на тренерот Дени Рол, што го прави Миовски четврти избор за напажач, па јасно е зошто нашиот интернационалец е подготвен повторно да ги смени клупските бои.

А последните информации говорат дека Миовски би можел да остане во Шкотска и да замине во спротивен правец од Шенкленд, заменувајќи го овој голгетер во Хартс. Тимот на Хартс го очекуваат квалификациите за Лигата на Шампионите, бара нов напаѓач летово, а Миовски би бил идеална опција, особено доколку се остварат најавите дека Македонецот би бил достапен и на позајмица.

За Бојан дефинитивно најважно е да игра бидејќи кога е на терен и има самодоверба, тој важи за еден од најдобрите напаѓачи во шкотската Премиер-лигата. Од тој аспект, Хартс воопшто не е лоша опција, па останува да се види дали овие најави ќе се реализираат.

Се вчитува...