Хасан Озер се запозна со тимот и ги поведе подготовките на Шкупи во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Шкупи вчера во Анталија беа пречекани од првиот човек на клубот, Огун Ајдин кој заедно со новиот шеф на стручниот штаб, Хасан Озер им посака успешна полусезона во битката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Озер го одработи и првиот тренинг со новиот тим во кој има неколку нови имиња.

Чаирчани за време на подготовките во Анталија веќе договорија три пријателски натпревари против руските Зенит и Ахмат Грозни, како и украински Лвов.

Се вчитува...