Хасани доби понуда од Тирана вредна 150.000 евра за годишен договор

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани е на мета на еден од најдобрите албански клубови, Тирана.

Откако му заврши договорот со фински Хелсинки, Хасани, како што пренесуваат албанските медиуми, веднаш добил понуда од Тирана вредна 150.000 евра за годишен договор со што би бил најплатениот фудбалер во албанскиот шампионат.

Двете страни веќе ги стартувале преговорите за меѓусебна соработка која, доколку се утврдат деталите, се очекува да се официјализира до крајот на годинава.

Се вчитува...