Хасани Гравет второ засилување за МЗТ за новата сезона

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот.

Станува збор за  плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо Меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд Меџик. Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига.

Гравет е второто странско засилување за тимот од Аеродром за новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби.

Се вчитува...