Хасани: Нема притисок пред стартот на квалификациите за СП

Фудбалерот од средниот ред Ферхан Хасани верува дека Македонија ќе има позитивен старт на квалификациите за СП 2022.

Македонската репрезентација утре патува со Романија каде во четврток (25. март) од 20:45 часот на Националната арена во Букурешт ја очекува првиот натпревар од новиот квалификациски циклус.

„Никако не се чувстува некој притисок пред овие натпревари на стартот од квалификациите за СП, затоа што ова не е ништо ново за нас… Македонската репрезентација е со индивидуалци кои играле врвни европски натпревари, со победнички карактер и се свесни дека на секој натпревар треба да одат на успех, затоа нема чувствување притисок поради желбата да се дојде до позитивен резултат“ – вели Хасани, притоа дополнувајќи:

„Подготвени сме да се даде максимумот на терен на сите три престојни натпревари. Ни недостасуваа вакви репрезентативни дуели изминатиов период, не чекаат силни противници како Романија и Германија, и сето тоа е мотив за успех“.

Се вчитува...