Heineken ги кани фановите на Лигата на шампионите на заедничко навивање

Лигата на шампионите е во својата највозбудлива фаза, каде што секој натпревар носи нова доза адреналин, врвни фудбалски пресметки и моменти што остануваат долго во сеќавање. Полуфиналните реванши ја носат неизвесноста до максимум, а токму на 5 и 6 мај ќе се дознае кои екипи ќе обезбедат пласман во големото финале во Будимпешта, кое ќе се одигра на 30 мај. Ваквите фудбалски вечери најсилно се доживуваат кога се споделуваат во друштво на други фанови.

Како официјален спонзор на Лигата на шампионите, Heineken во партнерство со барови низ државата организира фан-зони за заедничко следење на натпреварите. Таму навивачите ќе можат да уживаат во вистинска навивачка атмосфера, да се дружат и да ја споделат страста кон својот клуб. Освен добрата енергија, ги очекуваат Heineken изненадувања, подароци и специјални моменти на прослава по постигнат гол.

Во полуфиналните вечери на 5 и 6 мај, сите фанови ќе имаат можност да навиваат на следните локации:

5 мај

Фановите на Арсенал ги очекуваме во Беер Гарден Спортс Бар во Скопје.

6 мај
Фановите на Баерн Минхен ги очекуваме во Кул Виница, Даблин Штип, Јард Куманово, Русти Скопје, Ревија Нова Скопје и Барето Велес.

Соберете ја екипата, одберете го вашиот бар и дојдете заедно да уживаме во натптеварите од Лигата на шампионите. Не двоумете се да запознаете нови фанови и да создадете нови моменти заедно – затоа што фановите секогаш имаат повеќе пријатели. И секако, не заборавајте ги пивата и навивајте со Heineken.

 

 

Се вчитува...