Хекет се откажа од Италија – добра вест за Македонија

Еден од најдобрите италијански кошаркари, Даниел Хекет, објави дека повеќе нема да го носи репрезентативниот дрес на „аѕурите“. Асот на ЦСКА Москва нема да биде дел од италијанскиот национален тим во квалификациите за Евробаскет 2021, каде Италија е еден од ривалите на македонската репрезентација.

„Чувствувам дека е дојдено времето да го отстапам своето место на помладите. Момци како Спису, Морети и Манион треба да почнат да собираат репрезентативно искуство. Јас својата репрезентативна кариера ја завршив со настапот на СП во Кина“ – објави Хекет.

Јасно е дека Италија ќе биде значајно ослабена во претстојните квалификации, во составот ќе ги нема НБА-ѕвездите Белинели и Галинари, а доколку продолжи конфликтот ФИБА – Евролига, ниту кошаркарите кои ќе бидат дел од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...