Хеликоптерот на Коби Брајант немал безбедносен уред за навигација

Хеликоптерот кој се урна и во кој животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум луѓе, не бил опремен со најсофицистициран предупредувачки уред за безбедност и навигација, соопштија истражителите на Бордот за сообраќајна безбедност (NTSB) кои се задолжени да ги откријат причините за големата несреќа. Овој уред им помага на пилотите во секој момент да имаат целосна контрола над теренот над кој се движи леталото, а посебно е корисен доколку се работи за планински предели. Ги предупредува дека леталото е ниско над земјата.

„Тој уред не бил вграден во хеликоптерот“, соопштија од Бордот за сообраќајна безбедност.

Кобниот лет за Коби Брајант и останатите загинати во несреќата бил следен од густа магла и видливоста била значително намалена. Властите истакнаа дека падот на хеликоптерот се случил откако леталото одеднаш изгубило контрола и височина. Според законите на Јужна Калифорнија, летало кое е регистрирано за повеќе од шест луѓе не мора да го има инсталирано предупредувачкиот уред за безбедност и навигација, но Бордот за сообраќајна безбедност по оваа несреќа ќе се заложи тоа отсега да биде случај со сите летала.

 

Се вчитува...