Хенигман со четврти најубав гол, Хаидарирад со четврта најдобра одбрана на колото во ЛШ

И покрај поразот во последното коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Пик Сегед, ракометарите на Е. Пелистер повторно добија високо индивидуално признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Левиот бек Ник Хенигман го пласира својот спектакуларен погодок на 4. место во изборот за најубав гол на колото, додека одличната одбрана на голманот Саид Хаидарирад се најде исто така на 4. позиција во ТОП 5 одбрани на неделата.

Со овие признанија, македонските играчи продолжуваат со импресивната серија, откако веќе неколку кола по ред барем еден ракометар на македонскиот шампион се наоѓа меѓу петте најдобри во една од главните категории на ЕХФ.

Се вчитува...