Себастијан Херера асистираше за еден од трите гола на Борац Бања Лука во победата над Викунгур од Исланд со 1-3, во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Конференции. Со тоа Борац се доближи до групната фаза од ова натпреварување.
Македонскиот репрезентативец беше асистент за првиот гол на оваа средба. Дамјан Шишковски се најде на клупата за резерви.
Елмин Растодер со неговиот Панатинаикос испушти голема победа и пласман во групата во КЛ. Неговиот тим имаше предност од 2-0, но ја испушти пред крајот, па чешкиот Храдец Кралове стигна до израмнување 2-2. Растодер играше од 73. минута.
Ардијан Нухију на клупата на Дрита одигра 2-2 против Ескалда од Андора, и сега на реваншот ќе брка победа за пласман во групите во ЛК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
