Херера доби суспензија од два меча од ФА на Англија

Шпанскиот интернационалец Андер Херера доби суспензија од два натпревари по црвениот картон што го заработи на синоќешниот четвртфинален меч од ФА Купот на Англија против Челси. Тој беше исклучен од игра во 35.минута поради два жолти картони, а тоа се покажа како клучно за поразот (1-0) на Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“.

ФА на Англија му одреди два натпревари суспензија на Херера, поради тоа што ова е негово второ исклучување во сезоната. Тоа значи дека играчот за врска на Манчестер јунајтед нема да игра на натпреварите против Мидлсборо на гости и против ВБА на домашен терен во Премиер – лигата, на кои нема да настапи и Златан Ибрахимовиќ кој исто така издржува суспензија.

Се вчитува...