Херера донесе победа за Борац во дербито против Зрињски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Себастијан Херера е херој на неговиот Борац Бања Лука во победата од 1-0 во дерби натпреварот против Зрињски од 7. коло во шампионатот на Босна и Херцеговина.

Натурализираниот Македонец во 45. минута од првото полувреме го постигна погодокот вреден три бода за својот тим. За Херера ова е прв гол сезонава. На клупата на тимот од Бања Лука се најде и вториот Македонец, голманот Дамјан Шишковски.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...