Херера со гол придонесе за победата на Борац Бања Лука над Широки

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Себастијан Херера, имаше гол удел во победата на неговиот тим Борац Бања Лука до 2:3 на гостувањето кај Широки Бријег во рамки на осмото коло од Првата лига во БиХ.

Херера ги одигра сите 90 минути за Борац, а притоа се запиша и во листата на стрелци. Македонскиот репрезентативец во 58-та минута постигна гол за водство од 1:2 на Борац. Домашниот тим две минути подоцна израмни на 2:2, а во 63-та минута Декет погоди за конечни 2:3.

Вториот Македонец во Борац, голманот Дамјан Шишковски, натпреварот го проследи од клупата за резервни играчи.
Со триумфот дојде до 19 бодови и се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Зрињски.

Херера се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните натпревари во Лигата на нации против Словенија, Шкотска и двата дуели со Швајцарија.

Се вчитува...