Шпанскиот кошаркар Вили Хернангомез ја напушта Барселона по три години. Неговиот договор истекува, а се очекуваше дека нема да има продолжување на соработката поради промена на страните.
Сепак, тој веќе има нов клуб според информациите од шпанските медиуми. Хернангомез треба да потпише за Басконија. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза и се очекува да нема проблеми со овој трансфер.
Доаѓањето на Хернангомез би ја решило празнината создадена со заминувањето на Мамади Диаките во Дубаи, а друга важна работа е што Хернангомез е домашен играч.
Повремениот репрезентативец на Шпанија го прослави својот 32-ри роденден минатата недела, а во сезоната во Евролигата имаше просек од 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
