Хероите нема да бидат оставени сами ниту во Порто: Повеќе од 1.500 Македонци со купени билети за мечот на „Драгао“

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Македонските херои кои се изборија за историско финале за место на Мундијалот 2022 во Катар нема да бидат оставени сами ниту во Порто.

Според последните информации, од страна на македонските навивачи, преку продажната мрежа „МкТикетс“, купени се нешто повеќе од 1.500 билети за утрешниот натпревар на „Драгао“ кој почнува од 20:45 часот.

И покрај далечната дестинација и очајните авионски релации, и покрај нереално скапите цени на организираните чартери од страна на домашните туристички агенции, сепак се очекува околу 1.500 Македонци да ги бодрат македонските фудбалски херои на најважниот натпревар во историјата на спортска Македонија.

Голем дел македонски навивачи и од дијаспората, Шпанија, Франција, Англија, Австрија, Швајцарија…, најавуваат присуство на „Драгао“.

Согласно регулативите на ФИФА и УЕФА, за натпреварот со Португалија од финалето во баражот за СП 2022, Македонија располага со вкупно 2.500 билети. Билетите за домашните навивачи, пак, експресно пламнаа на првиот ден од продажбата. 50.000 Португалци ќе ги бодрат Кристијано Роналдо и компанија на патот кон Катар.

 

Се вчитува...