„Хероите“ пристигнаа на стадионот, се е подготвено за историја (ФОТО)

Се е подготвено за вечерашниот историски премиерен натпревар на Македонија на европските првенства, во кој нашите млади фудбалери ќе се сретнат со Шпанија.

Македонските „херои“ веќе пристигнаа на стадионот во Гдиња, а во соблекувалната ги чекаат дресовите со бела боја кој ќе ги носат вечерва, во обид во нив да испишат нови страници во клупската историја.

Предизвикот наречен Шпанија е огромен, но овие млади момчиња веќе имаат покажано и докажано дека можат да се носат со секого.

dresovi4 dresovi3 dresovi2 dresovi1

Се вчитува...