Херојот на Исланд: Немам зборови, ова е лудо

Македонија ја испушти шансата да дојде до нови три бода во квалификациите за Светското првенство откако на гостувањето кај Исланд забележа реми од 2-2 и покрај тоа што до 78. минута го контролираше резултатот и беше подобриот противник на теренот.

Домаќините намалија на 1-2 преку Бјарнасон по лошата интервенција на Димитриевски по слободниот удар, а херојот кој и донесе еден бод на островјаните беше 19-годишниот син Андри Гудјонсен за кого ова беше првенец во сениорскиот дрес.

„Прекрасно е да се биде дел од вакво нешто. Ова не беше наш најдобар натпревар, имавме заспано прво полувреме, но полека влеговме во мечот. Подготвени бевме за борбата која следи, изедначивме, го дадов најдоброто од себе за тимот. Ова беше прекрасно искуство. Кога чув како целата трибина слави со мене, едноставно бев одушевен. Немам зборови, ова е лудо“, изјави синот на легендарниот Еидур Гудјонсен по мечот.

Се вчитува...