ХЕРОЈОТ НА ВАРДАР – Михаил Талевски: „Пресреќен сум…, ова е само најава за еден голем Вардар!“

Херојот на Вардар, Михаил Талевски веднаш по мечот не можеше да ја сокрие среќата од освоената прва титула во својата професионална кариера.

Талевски со два гола ја донесе победата од 2-0 на Вардар против Струга ТЛ во финалето на Купот, и по 18 години им овозможи на „црвено-црните“ радост во најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Многу сум среќен за ова мое прв куп-финале и мој прв трофеј во професионалната кариера. Пресреќен сум секако и што постигнав два значајни погодоци за освојување на титулата. Вистинска чест ми е што сум дел од една ваква екипа. Ова е само најава за еден голем проект кој следи, ова е само најава за еден голем Вардар кој во иднина ќе носи уште многу радости“ – истакна Талевски по финалето.

Се вчитува...