Херојот Планиниќ: Утре во полна сала да славиме титула

Јуре Планиниќ беше во главна улога во големата победа на Пелистер над Еуро Никел и пласманот во финалето од Купот на Македонија.

Одличниот центар доминираше со 24 поени само во првото полувреме, на крајот оствари импресивни 27 поени, осум скока и шест асистенции.

„Ова беше тежок натпревар, добро се подготвивме, го исполнивме сето она што се договоривме. Еуро Никел е добар тим, па затоа ова е за нас е голема победа. Но, ништо немаме направено, бидејќи не чека МЗТ Скопје во финалето. Мора прво добро да одмориме, а после да се подготвиме. Благодарност до сите кои дојдоа да ни дадат поддршка, беа нашиот шести играч. Се надевам дека утре ќе дојдат во поголем број и ќе славиме титула“, изјави Планиниќ.

Се вчитува...