Херојот се опушти по мечот: Кампацо пцуеше среде изјава, па молеше да не биде казнет (ВИДЕО)

Факундо Кампацо беше херој на Реал Мадрид во победата на гостувањето против Барселона во синоќешниот натпревар од Евролигата.

Кампацо во регуларниот дел од мечот постигна тројка на две секунди пред крајот, изборувајќи се за продолжение, а во продолжението неговиот тим славеше со 90-97, што е прва победа на гостински терен во Евролигата оваа сезона за „кралевите“.

Кампацо заврши со 18 поени и 10 асистенции, па по мечот очигледно расположен добро се опушти и пред камерите. Аргентинецот за време на задолжителната изјава ненамерно опцу, па потоа на смеа молеше да не биде казнет од Евролигата.

„Се обидов да го повикам Марио Хезоња на пикенрол, видов дека тие за*баа, па… Извинете, извинете, англискиот ми е лош, ве молам немој да ме казните“ – се смееше Кампацо, заедно со коментаторот на Евролига.

Се вчитува...