Хесус Навас се запиша во историјата на фудбалот

Триесетиседумгодишниот Хесус Навас на вчерашниот натпревар против Хрватска во големото финале на европската Лига на нации испиша историја како прв фудбалер во светот кој овој трофеј го спои со оние од Светското и Европското првенство.

Искусниот Шпанец кој во новото финале го запиша 49. настап во репрезентативниот дрес, турнирот го заокружи и со друг рекорд откако во полуфиналниот натпревар против Италија стана најстариот шпански фудбалер кој настапил во официјален натпревар.

Во богатата кариера Навас освои вкупно 13 трофеи, а интересно ова е втор во сезоната откако претходно се радуваше на нов трофеј во Лига Европа со Севилја.

Се вчитува...