Хет-трик на Алварез – третиот гол ремек-дело, за пресврт-триумф на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид успеа со пресврт да дојде до триумф од 3-2 пред своите навивачи против Рајо Ваљекано. во 6. коло од шпанската Ла Лига.

Херој во победата на „јорганџиите“ е Хулиан Алварез кој ги постигна сите три гола за домашните. Атлетико Мадрид поведе уште на почетокот на мечот, но гостите израмнија пред полувремето.

Во вториот дел, Гарсија во 78. минута го доведе Рајо до предност од 1-2, а потоа следеше комплетниот пресврт со новите два гола на Алварез кој најпрво погоди за 2-2 во 80. минута а потоа и во 88. минута за конечни 3-2.

Реал Сосиедад триумфираше против Мајорка со 1-0 со голот на Ојарзабал во 49. минута од средбата.

Се вчитува...