Хет-трик на Бајрами за нова победа на Шкупи

Шкупи стигна и до третата победа во четвртиот пријателски натпревар за време на своите подготовки во Охрид.

Прволигашот од Чаир славеше денеска против босанскиот ФК Крупа со 3-2 (1-1), благодарение на хет-трикот на Муарем Бајрами.

Тимот на Ардијан Нухиу демонстрира квалитетни партии за време на зимските подготовки, претходно славејќи на контролните дуели и против Новаци и Македонија ЃП со идентични 2-0.

Се вчитува...