Хет-трик на Иско, Шпанија демонстрираше моќ против Аргентина

Шпанија славеше убедлива победа над светскиот вицепрвак Аргентина со огромни 6-1, на пријателската средба која се одигра на „Ванда Метрополитано“ стадионот во Мадрид. „Гаучосите“ на Сампаоли без Меси на теренот едноставно беа немоќни да се соочат со расположената „фурија“.

Гоеладата ја започна Диего Коста во 12. минута по асистенција на  Асенсио, а младиот „ас“ на Реал 15 минути подоцна одново асистираше за 2-0 при голот на својот клупски соиграч Иско. Отаменди намали на 2-1 во 39. минута од средбата и ја врати надешта на својата селекција, меѓутоа кон стартот на второто полувреме следуваше „нокаут“ за Аргентина. Во 52. минута Иско одново се запиша во листата на стрелци, а Тијаго зголеми на 4-1 само три минути подоцна.

Во моменти кога се чинеше дека Шпанија ќе застане со понижувањето, Аспас погоди за 5-1 во 74. минута, а Иско веќе во следниот напад запиша хет-трик и ги скрати маките на Аргентина.

Се вчитува...