Хет-трик на Копмејнерс за победа на Аталанта над Торино, Болоња ремизираше со Салернитана

Аталанта стигна до третата победа во Серија А откако во 4. коло славеше на домашен терен против Торино со 3-1. До победа домаќините ги предводеше одличниот Копмејнерс кој забележа хет-трик со два гола од белата точка.

Атланта поведе во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме со голот од белата точка на Копмејнерс, а истиот играч веќе во втората минута од второто полувреме донесе предност од 2-0. Влашиќ во 77. минута намали на 2-1, а хет-трикот Холанѓанецот го потврди преку нов пенал во 84. минута.

Болоња не успеа да стигне до првата победа во сезоната откако на домашен терен ремизираше со 1-1 против Салернитана. Арнаутовиќ го отвори натпреварот со гол во 52. минута, a изедначување за гостите донесе Диа во 88. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...