Хет-трик на Морено за триумф на Вилјареал над Гранада (ВИДЕО)

Вилјареал триумфираше на гостувањето кај Гранада со 0-3 во натпревар 29. коло во шпанската Ла лига. Moрено со три гола беше главен виновник за лесниот триумф на „жолтата подморница“ на секогаш незгодното гостување.

За издвојување е и промашениот пенал на играчот на домаќините Молина во 80. минута од мечот. Вилјареал со триумфот се искачи на 5. место на табелата со 46 бода, додека Гранада останува 8. со 36 гола.

 

 

Се вчитува...