Хет-трик на Обамејанг за финале на Арсенал, Челси и Ајнтрахт ќе одлучуваат во продолженија (ВИДЕО)

И со втора победа, по онаа првата од 3-1 во Лондон, овој пат со 2-4 на гостувањето во Валенсија, Арсенал се пласираше во финалето на Лигата на Европа. Во втората полуфинална пресметка, Челси и Ајнтрахт Франкфурт играат со идентични 1-1 како од првиот меч по регуларниот дел, па низ продолженија ќе го одлучат вториот патник за финалето.

Арсенал до победа од 2-4 против Валенсија дојде благодарение на хет-трикот на Обамејанг, со головите во 17. минута, во 69. минута и во 89. минута, а стрелец беше и Лаказет во 50. минута. Головите за Валенсија ги постигна Гамеиро во 11. и во 58. минута.





По цели 13 години ова е прво европски финале за „топчиите“.

Челси, пак, поведе против Ајнтрахт во 28. минута со голот на Лофтус-Чик, но Германците се изборија за продолжение благодарение на голот на Јовиќ во 49. минута…


Се вчитува...