Хет-трик на Самир Фазли за триумф на Рудеш во Хрватска

Одлична партија на поранешниот македонски репрезентативец Самир Фазли во дресот на Рудеш во Првата хрватска лига.

Македонскиот напаѓач постигнувајќи хет-трик е дефинитивно најзаслужниот за победа на Рудеш од 3-2 против Цибалија.

Фазли најпрво погоди за 1-0 уште во 7. минута од средбата, а откако гостите стигнаа до пресврт од 1-2, во самиот финиш со два гола во 94. и во 96. минута Самир Фазли донесе триумф од 3-2.

Триумф кој го носи Рудеш многу блиску до опстанок во најсилната хрватска лига.


Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...