Хет-трик на „вардарки“ во Купот, Бадел постигна само 40 поени

Кошаркарките на Вардар продолжија со доминацијата во Купот на Македонија во женска конкуренција, трета година по ред стигнувајќи до пехарот во ова натпреварување. Идентично како и во претходните две години, „црвено-црните“ за ривал го имаа шампионот Бадел, кого попладнево рутински го победија со убедливи 50-40.

Самиот број на постигнати поени на Бадел доволно говори за играта во нападот на актуелните шампионки. По првото полувреме резултатот гласеше 26-23 за Вардар, за потоа во вториот дел Бадел за 20 минути да постигне само 17 поени, по што поразот беше неизбежен.

Најдобра поединка во победничкиот тим повторно беше Славица Наков, која беше избрана и за МВП на финалето.

Се вчитува...