Хет-трик на Запата за триумф на Аталанта, Киево и откина бод на Парма… (ВИДЕО)

Аталанта се проби меѓу водечките шест екипи во Серија А откако славеше со 1-3 на гостувањето против Удинезе во 15. коло.

Триумфот на гостите беше обезбеден благодарение на Колумбиецот Дуван Запата кој запиша хет-трик. Најпрво погоди уште во 2. минута, а откако домашните израмнија во првиот дел преку Ласања, во второто полувреме Запата стрелаше и во 62. и во 80. минута.

Киево успеа да и открадне бод на Парма која се спасуваше од пораз откако гостите дојдоа први до предност со голот на Степински во 47. минута. Алвеш беше стрелец на израмнувачкиот гол за Парма во 53. минута.



РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО

Сасуоло – Фиорентина 3-3

Емполи – Болоња 2-1

Парма – Киево 1-1

Удинезе – Аталанта 1-3

Џенова – СПАЛ (18 ч.)

Милан – Торино (20:30 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...