Хетафе се врати во шпанската фудбалска елита

Шпанскиот второлигаш Хетафе успеа да се врати во елитата, откако во плејофот успеа да биде подобар од Тенерифе со вкупен резултат 3-2. Хетафе вечерва го совлада Тенерифе со 3-1, анулирајќи ја негативата од првиот меч, на кој Тенерифе како домаќин славеше со 1-0.

Фаурлин и Дани Пачеко со два гола, беа стрелци за Хетафе во одлучувачкиот дуел за враќање во Примера дивизион.

Се вчитува...